Connect with us

Фудбал

Легендарниот Пеле се огласи од болница: Силен сум јас, ви благодарам на сите за поддршката

Откако во јавноста стигна информацијата дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња е хоспитализиран и во критична состојба, сите се исплашиле, а тој испратил порака од болница.

„Драги пријатели, сакам да ве уверам сите и да бидете позитивни. Силен сум, имам многу надеж и сум на вообичаениот третман. Сакам да им се заблагодарам на пациентите и на медицинскиот тим на болницата за сета грижа и внимание што му го покажуваат“, изјави Пеле на Инстаграм.

После тоа додаде:

„Имајте силна вера во Бога и секоја порака на љубов што ја добивам од вас низ целиот свет ме исполнува со енергија. И гледањето на  Бразил на Мундијалот исто така“, заклучи еден од најдобрите играчи на сите времиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)