Поврзи се со нас

Кошарка

Легендарниот Шекил О’Нил: Од првата плата потрошив милион долари за еден час

Во групата на оние спортисти кои сигурно не морале да внимаваат колку пари трошат беше и легендарниот Шекил О’Нил кој во текот на својата кариера заработил навистина многу.

Кога ја почнал професионалната кариера, легендарниот центар не знаел многу околу финансиите, што секако и самиот го признал.

-По потписот на првиот сриозен договор купив неколку луксузни автомобили, накит…Трошев толку многу што дури ми се јавија од банката и ми кажаа дека тоа ќе ме уништи ако продолжам така да ги трошам парите, вели О’Нил кој притоа додава:

-Потрошив милион долари од првата плата за само еден час. Менаџерот од банката ме предупреди да не трошам толку, бидејќи не сметав на данокот и слични работи, вели Шекил.

Според извештаите на американските медиуми, легендарниот поранешен кошаркар минатата година „тежел“ дури 400 милиони долари. Околу 292 милиони долари заработил само од играње во НБА лигата, а останатото од музика, глума, реклами и спонзорски договори.

 

loading...

Facebook