Фудбал
Легендарниот тренер потресен од смртта на пријателот: Се плашам дека јас сум селедниот!
Вчера, како последица на коронавирусот, почина Ото Бариќ, поранешен селектор на Хрватска. По неговата смрт се огласи уште една хрватска тренерска легенда Чиро Блажевиќ. Тој вели дека многу го погодила оваа вест и дека се плаши дека тој е следниот.
Многу ме погоди смртта на Ото, скршен сум! Среќен сум што имавме прекрасен однос како колеги, а Ото припаѓаше на најдобрата генерација хрватски тренери. Тука беа Томислав Ивиќ, Биќе Младиниќ, Станко Поклеповиќ, Бранко Зебец, Јосип Куже… Ете, полека сите ние заминуваме, а се плашам дека јас сум следниот, вели Блажевиќ.