Connect with us

Фудбал

Легендарниот Весли Снајдер: Немам ништо против Србите, ама доста беше!

Весли Снајдер, холандска фудбалска легенда го пронајде „виновникот“ за слабите игри на Ајакс во последно време. Според него тоа е Душан Тадиќ, кој е капитен на тимот. Оваа сезона, Тадиќ секако не е на ниво од претходните, па Снајдев вели дека би го извадил од тимот, од првите 11-тмина.

“Би го извадил Тадиќ од тимот! Многу ми се допаѓа Хејтинга, но неговите промени… Како повторно да го гледам Алфред Шредер во тимот. Повторно Тадиќ мора да остане на теренот 90 минути. Немам ништо против Србите, имам многу српски пријатели, но доста е“, изјави Снајдер.

Тадиќ дојде во Ајакс во 2018 година и досега има постигнато над 100 гола за овој клуб, а иако сезонава е во послаба форма од претходно, постигна девет гола. Неговиот тим е втор во поредокот со 56 бодови, а на седум кола до крајот на првенството има осум бода помалку од првопласираниот Феенорд.