Connect with us

Фудбал

Легендата на Јувентус и Рома го прележал вирусот: Да не се тестирав немаше да знам дека имам коронавирус

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Рома, Лече и репрезентацијата на Црна Гора Мирко Вучиниќ потврди за медиумите дека имал коронавирус. Сепак, додава дека освен мала температура, никакви други проблеми немал.

Тој на овој начин ги демантираше одредени информации дека е во тешка состојба.

-Добро сум, никогаш не сум бил лошо. Да не се тестирав, немаше да знам дека имам корона, а се тестирав поради претпазливост кон друг, изјави Вучиниќ за српски „Телеграф“.