Фудбал
Легендата на Манчестер Јунајтед ослободен од сите обвиненија за малтретирање на поранешната девојка и нејзината сестра! (ВИДЕО)
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е ослободен од обвиненијата за напад покренати од неговата поранешна девојка Кејт Гревил и нејзината сестра.
Во одлуката која беше донесена денеска беше прогласено дека Гигс не е виновен по сите три точки од обвинението, па оваа приказна дефинитивно е завршена и нема да има ново судење како што претходно се најавуваше.
BREAKING: Ryan Giggs will not face a re-trial on allegations of assault against his ex-girlfriend, after all charges were withdrawn by the prosecution. pic.twitter.com/J0wjdRO8uH
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 18, 2023
Гигс и Кејт беа во врска три години, односно ја започнаа врската седум месеци откако Рајан се разведе од сопругата Стејси, која со години ја изневеруваше со девојката на својот брат Родри. Англиските медиуми пренесуваат дека Гигс не се појавил пред судот бидејќи претходно му било дозволено да не присуствува, што го искористил.
Исто така, се додава дека тој постојано ги негирал сите наводи за какво било ментално и физичко малтретирање на Кејт Гревил, како и нападот на нејзината сестра Ема. Минатата година, кога оваа приказна беше актуелна, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед поднесе неотповиклива оставка како селектор на репрезентацијата на Велс. Тој реши да поднесе оставка за судскиот процес да не ги наруши подготовките на репрезентацијата за Светското првенство во Катар.