Connect with us

Фудбал

Легендата на Реал Мадрид збесна: Докажете, па ќе ги вратам сите пари што ги заработив

Тренерот на шпанскиот второлигаш и поранешна легенда на Реал Мадрид Хозе Марија Гутиерез, попознат како Гути, се најде на мета на навивачите на клубот, кои го обвинија дека со своите играчи е виден во ноќен клуб кон средината на неделата и поради тоа тврдат загубиле против Хуеска со 2:3.

Гути на прес конференцијата по мечот ги отфрли сите обвинувања.

-Доколку некаде пронајдете фотографија од мене сам, или во друштво со било кој фудбалер, веднаш ќе поднесам оставка и ќе ги вратам сите пари кои што клубот ми ги дал како тренер. Не сум бил на никаква забава, совеста ми е чиста. Тежок беше овој ден за мене и за моето семејство. Немам време за глупости. Наутро сум со својот син, потоа одам на работа и попладне се враќам кај моето семејство, изјави Гути.