Connect with us

Фудбал

Легендата Оливер Кан откако доби отказ во Баерн: Не е точно дека бев бесен, ама не ми е јасно зошто ми забранија да бидам на стадион и да славам титула

„Билд“ објави дека Баерн Минхен му забранил на Оливер Кан да патува на натпреварот во Келн, откако тој наводно бурно реагирал на веста за неговото отпуштање во петокот. Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер тогаш изјави дека Кан не отпатува на натпреварот во Келн, бидејќи не донел одлука да поднесе оставка.

„Не е точно дека бев бесен кога ме отпуштија. Херберт Хајнер ми се јави во петокот и ме извести за одлуката. Тоа беше мирен разговор заснован на факти. Само се прашував зошто Баерн ја донесе таа одлука“, напиша Кан на својот Твитер профил, кој додава:

„Во саботата наутро добив порака дека ми е забрането да присуствувам на натпреварот во Келн. Смирено ја прифатив оваа одлука. Секако дека сум разочаран, но среќен сум за оваа титула и за тимот, тренерот и нашите навивачи“, додаде Кан.

Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ добија откази непосредно пред последното коло од Бундеслигата, во кое Баерн Минхен на шокантен начин ја освои новата титула, или поточно ја одбрани. Борусија Дортмунд одигра 2:2 со Мајнц на домашен терен, Баерн славеше на гости кај Келн со 2:1, имаат ист број бодови, но Баерн подобар меѓусебен скор и гол разлика.