Connect with us

Кошарка

Лејкерс ќе се засили со уште еден ветеран

Клубот од Лос Анџелес околу првата ѕвезда Леброн Џејмс собра играчи кои поодамна ја поминаа „30-ката“. Следен во низата може да биде ДеАндре Џордан кој ги напушти Бруклин Нетс.

Клубот од Лос Анџелес околу првата ѕвезда Леброн Џејмс собра екипа во која претежно се вклучени играчи кои одамна го прославија својот 30-ти роденден.

Бруклин го испрати Џордан во Детроит, но искусниот центар веднаш потоа остана без договор и сега има намера да потпише едногодишна соработка со Лејкерс вредна 2,6 милиони долари.

Лос Анџелес Лејкерс во новата сезона ќе влезе со навистина одличен состав предводен од Леброн Џејмс, а тука се и Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Кармело Ентони, Ражон Рондо, Двајт Хауард…