Connect with us

Кошарка

Лејкерс повторно ќе биде шампион

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс по неколку години конечно може да се врати при самиот врв во НБА лигата. Тоа го почувствува и легендата на клубот, Коби Брајант, на кого очигледно му е преку глава од доминацијата на Голден стејт во изминатите неколку сезони.

  • Лејкерс во брзо време повторно ќе биде шампион. Тогаш ќе им се смееме во лице на сите овие навивачи на „воините“, кои се појавија од нигде никаде, изјави Коби Брајант, кој е исфрустриран од многумината „падобранци“ кои навиваат за Голден стејт.

Со доаѓањето на Леброн Џејмс тимот од Лос Анџелес по подолго време повторно покажа шампионски амбиции. Лејкерс моментално се петти на табелата во Западната конференција, додека Голден стејт се четврти.