Поврзи се со нас

Кошарка

Лејкерси ја менуваат стратегијата поради Јокиќ

Орландо, 17 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Френк Вогел, е воодушевен од играта на центарот на Денвер, Никола Јокиќ. Експертот истакна дека „езерџиите“ ќе мора да ја сменат стратегијата од серијата со Хјустон и сега ќе ги користат своите високи играчи за да и се спротивстават на sвездата на Нагетс.

-текстот продолжува по рекламата-

Центрите на тимот, Џавеил МекГи и Двајт Хауард, добија вкупно само 23 минути во четирите победи на Лејкерс над ниската петорка на „ракетите“ во полуфиналето на конференцијата.

– Јокиќ е еден од најуникатните играчи во светот. Може да ве победи на кој било начин. Тој има способност да шутира од тројка, да игра под кошот и во транзиција, а што да кажеме за неговите додавања… Неговото присуство ќе ја направи серијата малку поинаква, дури и доста поинаква. Ќе мора да ги користиме нашите центри, не сакам да навлегувам во детали, но ќе бидеме Л.А. Лејкерс, како што бевме цела сезона. Ние се прилагодивме на одбрана на тим со ниски пет, но сега очекувам да се вратиме во оптимална форма, рече Вогел.

-текстот продолжува по рекламите-

Натпреварот бр.1 меѓу двата тима е во сабота наутро во 03:00 часот по македонско време.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама