Кошарка
Лејкерси на крилата на Ентони некако успеаја да го победат Мемфис Гризлис
Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа на свој паркет го совладаа Мемфис Гризлис со 121-118.
Од самиот почеток гледавме одличен натпревар во Стејплс Центарот, а Лејкерси дури на крајот од натпреварот успеаја да го скршат отпорот на гостинскиот тим и да ја забележат втората победа сезонава.
Првата четвртина заврши со 29:24 за Лејкерси, додека на одмор се замина со 62:56.
Мемфис се врати во третата четвртина и успеа да го сврти резултатот во своја полза и се чинеше дека Лејкерси може да забележат нов пораз. Сепак, домаќините успеаја да го свртат мечот во своја корист во четвртата четвртина.
Лејкерси ја добија последната четвртина со 34:28 и така на крајот славеа со 121:118. Најефикасен кај Лејкерси беше Кармело Ентони кој постигна 28 поени, додека Дејвис додаде 22.
Во тимот на Мемфис далеку подобар од останатите беше Морант со дури 40 поени, а придодаде и десет асистенции и три скока.
Бостон Селтикс го победи Хјустон Рокетс на гости со 107:97, додека Голден Стејт беше подобар од Сакраменто (119:107).