SPORTM.mk
Лејкерси, по продолженијата ја совладаа Оклахома
По продолженијата синоќа, кошаркарите на ЛА Лејкерс успеаја да ја совладаат Оклахома Сити Тандер со 119: 112, а актуелните шампиони до победата ги предводеше одличниот Леброн Џејмс.
Оклахома им пружи голем отпор на Лејкерси, но на крајот, тимот од Лос Анџелес некако успеа да победи. Лејкерси очекуваа полесен триумф, но на крајот се играше продолжение во кое успеаја да го скршат отпорот на противникот.
По првиот дел, Оклахома имаше предност од 33:26, додека на полувреме резултатот беше 60:56 за Сити Тандер. Оклахома по третиот период имаше двоцифрено водство, но Лејкерси успеаја да се вратат.
Лејкерси на крајот ја намалија предноста и извојуваа продолженија во кои беа многу подобри со 9:2, а на крајот забележаа победа со резултат 119: 112.
Џејмс ги предводеше Лејкерси до победата и забележа нов трипл-дабл ефект. Постигна 28 поени, и додаде 14 скока и 12 асистенции. Во тимот на Оклахома се истакна Шаи Гилгеус-Александар со 29 поени и десет асистенции.
Милвоки Бакс и Денвер Нугтс одиграа одличен натпревар, а на крајот Бакс славеше со 125: 111. Јокиќ повторно беше фантастичен, постигна 35 поени и додаде 12 скока и шест асистенции, но на крајот, Денвер сепак загуби.