Кошарка
Лејкерси славеа во Бостон, Лилард им даде крилја на Блејзерси, Дончиќ не може сам
Ноќта на НБА-паркетот ја одбележа класиката помеѓу Бостон Селтикс и Лос Анџелес Лејкерс, победата ја однесоа гостите, 95:96.
Натпреварот како што вели резултатот беше многу неизвесен. Лејкерси имаа +7 (89:96) на минута и пол пред крајот, но Селтикси успеаја да се доближат. Имаа шанса и за победа, но Вокер не успеа да постигне кош.
Актуелните шампиони на тој начин стигнаа до 15-та победа во сезоната. Тие беа предводени од Дејвис со 27 поени, додека Џејмс додаде 21. За Селтикс, Татум беше најефикасен со 30 поени.
На крилјата на одличниот Лилард, кој постигна 44 поени, Портланд Треил Блејзерс го совлада Чикаго Булс со 122:123 во исто така неизвесна игра на гости.
Одличниот Дончиќ повторно беше на ниво. Тој постигна 29 поени, но тоа не беше доволно за Далас Маверикс, кој на крајот загуби со 105-111.
Резултатите:
Шарлот Хорнетс – Милвоки Бакс 126: 114
Чикаго Булс – Портланд Треил Блејзерс 122: 123
Мајами Хит – Сакраменто Кингс 105: 104
Њу Орлеанс Пеликанс – Хјустон Рокетс 112: 126
Бостон Селтикс – Лос Анџелес Лејкерс 95:96
Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис 112 : 129
Далас Маверикс – Феникс Санс 105: 111
Голден Стејт Вориорс – Детроит Пистонс 118: 91