Тајмаут
Лекарот на Марадона: Правев сè за Диего, дури и невозможното, а тој правеше што сакаше…
Леополдо Луке, личен лекар на Диего Марадона е под истрага по смртта на светската фудбалска sвезда, тој изјави дека „правел се што може, па дури и невозможно“ за пациент кој „правел што сакал“.
„Сакате да знаете за што сум одговорен? За тоа што го сакав, се грижев за него, за тоа што му го продолжив животот и го направи подобар“, рече Луке липајќи на телевизиска прес-конференција.
Леополдо Луке (39) важеше за „пријател“ на Диего Марадона, кој, како што рече, „не бил само пациент за него, туку и татко“.
Тој рече дека не знае зошто фудбалерот во неговата резиденција во Тигре нема дефибрилатор во случај на срцев удар и дека тој не е неговиот избран лекар.
„Јас сум неврохирург“, рече Луке, кој го оперираше Марадона на 3 ноември за хематом на мозокот.
„Се грижев за него (по операцијата). Горд сум на сè што направив. Нема што да кријам. Јас сум на располагање на судството“ – додаде Луке.
Марадона почина на 25 ноември од срцев удар, во неговиот кревет. Беше „невозможно“, рече Луке.
„Тој требаше да оди на рехабилитација (по операција). Тој не сакаше и не примаше помош од физиотерапевт.“
„Психијатарот побара да има секогаш брза помош пред неговата куќа. Не знам кој е виновен за тоа што (тој ден) немаше брза помош“ – додаде неврохирургот.
Според зборовите на Леополд Луке, Диего бил „многу тажен, тој сакаше да биде сам, не затоа што не ги сакаше своите ќерки и семејството, или луѓето околу него… Тој беше храбар“.
