Connect with us

Други спортови

Леклер повторно ја уништи трката, а потоа Верстапен ги изненади сите со мајсторски потег

Шарл Леклер одлично стартуваше и успеа да ја одбрани првата позиција пред Макс Верстапен и имаше се во свои раце, но повторно погреши.

Во 19-от круг, возачот на Ферари изгуби контрола над болидот и излета од патеката, удри во ѕидот и не успеа да се врати во трката.

Од се профитираше Макс Верстапен, кој успеа да ја преземе лидерската позиција, а возачот на Ред Бул ја воодушеви јавноста со својот џентлменски потег.

За време на безбедносното возило, се слушаше радио порака додека Верстапен ги прашал своите техничари дали Леклер е добро бидејќи видел дека излетал на веројатно најопасниот дел од патеката.

Од боксот му рекоа дека Леклер е добро и му се заблагодарија што го праша за најголемиот конкурент оваа сезона.

Од друга страна, Леклер беше бесен што на таков начин ја заврши трката и наводно имал проблем со болидот, но тоа се уште не е познато и веројатно ќе се знае дури по оваа трка.