Connect with us

Други спортови

Леклер скоро го униште легендарниот болид на Ферари управуван од Ники Лауда пред 50 години (ВИДЕО)

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, се најде во центарот на вниманието на јавноста поради вчерашниот инцидент.

Имено, вчера на домашната патека во Монте Карло, Леклер имаше можност да го вози легендарниот болид на Ферари од 1974 година, кој своевремено го возеше Ники Лауда.

Леклер на овој настан доби можност да го вози легендарниот болид на Ферари, но тоа не заврши најдобро.

Тој уживаше во возењето, но при крајот на кругот изгуби контрола над болидот и се заби во ограда во една од последните кривини на култната патека во Монте Карло.

Леклерк направил оштетување на задниот дел на Ферари 312, а од италијанскиот тим велат дека главната причина е што му откажале сопирачките и поради тоа изгубил контрола.

Легендарниот автомобил Лауда повторно беше оштетен бидејќи и минатата година го оштети Жан Алези. Тогаш беше оштетен предниот дел, а за среќа и Алези и Леклер минаа без повреди.

Реклама

Facebook