Connect with us

Други спортови

Леклер: Таа несреќа дојде во погрешно време

Чарлс Леклерк денес зборуваше за инцидентот што се случи меѓу него и Себастијан Фетел на трката за Гран-при во Бразил, каде двајцата пилоти на Ферари имаа контакт меѓу нив на патеката. Овој инцидент беше тотално непотребен, бидејќи двајцата пилоти имаа шанси да стигнат до подиумот, но на крајот двајцата се повлекоа.

„Кој е виновникот? Не сакам да зборувам премногу за овој настан. Врската меѓу мене и Фетел нема да се промени, односот ќе биде ист во иднина. И двајцата сме возрасни и разбираме дека тоа се работи што се случуваат. И двајцата бевме во дуел за третото место во тој момент и таа несреќа дојде во погрешно време“, рече Леклерк.

Леклер признава дека овој настан дополнително ќе го зголеми ривалството меѓу нив, особено следната година, во дуелот за титулата.

„Секако дека двајцата сакаме да победиме, така што овој настан ќе го зголеми ривалството. Како и да е, во иднина треба да избегнуваме судири и дуел на патеката, со што ќе му ја дадеме победата на Ферари“, рече Леклерк.