Connect with us

Други спортови

Леклерк ги молеше навивачите да престанат да го следат

Возачот на Ферари, Шарл Леклер денеска побара од фановите да ја почитуваат неговата приватност и да престанат да доаѓаат во неговиот дом во Монако.

25-годишниот Формула 1 возач на Инстаграм напиша дека неговата домашна адреса неодамна стана јавна, поради што навивачите се собраа надвор од неговиот дом, ѕвонеа и бараа автограми и фотографии со него.

„Навистина ја ценам вашата поддршка, но ве молам почитувајте ја мојата приватност и не доаѓајте пред мојата куќа“, напиша Леклер.

Тој изјави дека сепак ќе ги поздравува навивачите на јавни места или на патеката во Формула 1, но дека собирот пред неговата куќа е „линијата што не треба да се премине“.

Леклер лошо ја започна новата сезона во Формула 1 со две откажувања по три трки и моментално се наоѓа на 10-то место со шест бода.