Фудбал
Лео Меси се врати на почетокот во Барселона
Поранешниот играч на Барселона, Лионел Меси, даде опширно интервју за Хорхе Валдано, во кое зборува за неговото доаѓање во Каталонија, адаптацијата во Барса и периодот со Пеп Гвардиола на чело на тимот.
„Барселона беше спасот за мене. Таму поминав тестови, тие траеја 15 дена. Последниот ден имавме натпревар против тим од момци постари од мене. Ме одобрија и останав. За мене тоа беше неверојатно, спектакуларно, одлично.Да бидам дел од Барселона…Ми дадоа опрема,копачки.Секој има топка со која се загрева посебно.Одлично беше за дете,бев исклучително импресиониран.Во соблекувалната се мачев на почетокот,тоа не беше нешто на што сум навикнат. Бев загрижен, но на теренот сè беше подобро. Само ми недостигаше Аргентина и слободата да играм на улица“, изјави Меси.
„На 14 години веќе бев со сениорите, а две години подоцна тренирав со првиот тим. Но имав многу, многу тешки моменти. Имав повреда, не играв некое време во тимот на моја возраст, а во тоа време брат ми мораше да се врати во Аргентина.Мојата помала сестра имаше шест или седум години, таа воопшто не се адаптираше во Барселона.Семејството се раздели, јас и тато останавме, другите си отидоа дома Разговарав со моите родители и тие ме прашаа дали сакам да си одам дома. Но, јас веќе поминав долг пат во Барселона и сакав да играм. Се чувствував виновен што моето семејство беше поделено на два дела тогаш. долго време тоа чувство ме прогонуваше затоа што јас бев причина за тоа.Од тоа време почнав да станувам доста организиран, планирав се.Таков сум и денес.Сфатив дека нема кој да го направи тоа наместо мене.Постепено градев дневна рутина,целосно фокусиран на фудбалот“, откри аргентинскиот гениј.
“Периодот со Пеп Гвардиола на чело на Барса беше неверојатен. Тој најде единствена генерација во тимот. И ја претвори во победничка машина. Чувството да се оди да се игра каде било – дома на Камп Ноу или на кој било стадион во светот, а да знаеш дека ќе ја добиеш играта е незаменливо. Само жалам што во тоа време не можев целосно да уживам во тоа од ден на ден бидејќи бев во виорот на ситуацијата. Со текот на годините сфати што е тоа“, им врати Меси на сеќавањата.
“Гвардиола на неверојатен начин не подготви и не подготви за натпревари. Знаевме сè за противникот, речиси никогаш не бевме изненадени. За мене Пеп направи голема штета на фудбалот – им покажа на луѓето колку може да биде лесно се, а сега на сите сака да биде копиран. Нема сомнеж дека тој е најдобриот тренер на светот. Тој е само посебен“, рече тој и за Гвардиола.
„Една вечер ми се јави и ме повика во тренинг базата, а веќе беше околу 19 часот, необично време за тоа. Бев дома кога ми се јави. Отидов и ми кажа дека на следниот натпревар против Реал Мадрид би играл како лажна деветка.Ми рече – ќе го правиме ова, ова и ова, ќе бидеш тука, ќе играш вака. Подготвен си, нели Ти?Игравме неверојатно на тој натпревар и се се случи точно како што го опиша Гвардиола. Нашиот прв гол го постигна Тиери Анри, го извлече Пеп пред натпреварот. Јас, Чави, Иниеста и Бускетс стоевме блиску еден до друг, сите ја сакавме топката , сите знаевме што да правиме со тоа. Неверојатни времиња“, откри Меси.