Фудбал
Леонардо го контактираше Рамадани, темата е трансферот на Пјаниќ во ПСЖ
Играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ се чини дека е близу до заминување од Јувентус.
Пјаниќ пристигна во редовите на „Старата дама“ пред четири години од Рома и оттогаш се шпекулира дека може да го смени клубот, но се чини дека оваа опција никогаш не била посигурна како што е деновиве.
Според она што го пишуваат италијанските медиуми во последните неколку недели, Јувентус е подготвен да го продаде или да го вклучи во некој трансфер за да добие друг играч.
Најмногу се шпекулираше дека Пјаниќ ќе заврши во ПСЖ, како дел од трампата меѓу „Старата дама“ и „Светците“, по што Мауро Икарди ќе заврши во Торино.
Без оглед дали Икарди ќе биде вклучен во трансферот, ПСЖ е подготвен да го ангажира Пјаниќ. Според „Le10Sport“, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо синоќа го контактирал агентот на Пјаниќ, Фали Рамадани, за да разговараат за деталите за трансферот.
Како и да е, Пјаниќ нема да биде единствената цел на „Светците“ кога станува збор за играчот од средниот ред ова лето, бидејќи исто така се заинтересирани за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Сандро Тонали и Лукас Пакета.
30-годишниот Пјаниќ покрај ПСЖ има и неколку други опции. Ако може да се верува на она што е напишано во изминатите недели или месеци, Челси и Реал Мадрид се исто така клубови кои летово би можеле да одат на лов на Пјаниќ.