Фудбал
Лерој Сане потпиша на пет години, но тој нема да биде меѓу трите најплатени играчи на Баерн
Новинарот на германскиот „Билд“, Кристијан Фолк, тврди дека не е точно дека Лерој Сане ќе стане најскапиот фудбалер на „Баварците“.
Баерн, наводно, се согласил да го купи Сане и фудбалерот ќе потпише петгодишен договор, но се појавија гласини дека тој ќе биде најплатениот играч, што очигледно веднаш предизвика доза на разочарување кај повеќето актуелни првотимци на германскиот клуб.
Сепак, новинарот на „Билд“, кој ги следи настаните во минхенскиот клуб, се огласи на Твитер и рече дека тоа не е точно, и дека Сане нема да биде меѓу тројцата најплатени фудбалери на лидерот во Бундеслигата.
Тој исто така истакна дека не е точно дека играчот во договорот има клаузула за компензација од 109 милиони евра, а во исто време негираше дека Баерн го договорил трансферот на младата ѕвезда на Баер, Кај Хаверц.
Што се однесува до Сане, тој имаше сериозна повреда поради која му пропадна претходниот трансфер во Баерн, но сега остануваат само денови кога тој ќе стане член на најтрофејниот германски тим.