Connect with us

Фудбал

Лестер е подготвен да го продаде Џејмс Медисон

Лестер е подготвен да го продаде Џејмс Медисон во текот на летото, пишува Дејли Мејл. Менаџерот Брендан Роџерс е подготвен да жртвува една од големите ѕвезди на клубот за да ги обезбеди потребните средства за летната селекција.

Медисон прави уште една силна сезона за Лисиците. 25-годишниот фудбалер има 13 гола и 8 асистенции на 40 натпревари. Сепак, клубот е подготвен да се раздели со него за да ја наполни касата. Моментално интересот за играчот од средниот ред е огромен, се зборува дека тој е во нишанот дури и на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Затоа „Лисиците“ планираат да ја искористат ситуацијата и да земат што повеќе пари од продажбата на овој фудбалер. На стадионот „Кинг Пауер“ се надеваат дека ќе соберат повеќе од 50 милиони фунти.

Со парите од оваа продажба Брендан Роџерс планира да привлече тројца нови играчи. Тој веќе има зацртано цели и се надева дека ќе може сериозно да го освежи тимот на лето.