Connect with us

Фудбал

Лестер носи засилување од Ливерпул

Лестер се наоѓа во многу добра позиција за повторно да избори настапот во Лигата на шампионите, а се чини дека веќе започнаа да размислуваат за засилувања за следната сезона.

Контактите со првото засилување, наводно, веќе се воспоставени, а тоа е актуелниот фудбалер на Ливерпул.

Станува збор за Адам Лалана, а „Скај спорт“ објави дека челниците на Лестер преговарале со неговите претставници.

На овој фудбалер му истекува договорот на крајот на сезоната, а скоро е сигурно дека нема да биде продолжен, па кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.

Тој би бил големо засилување за Лестер, но останува да се види дали Лалана ќе се согласи да игра за овој клуб.