Други спортови
Летечкиот Македонец на чекор до нова европска титула!
Летечкиот Македонец, викендов автомобилскиот шампион го очекува нов предизвик во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), на патеката Сент Урсан во Швајцарија.
„И викендов очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат.
Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим, го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Тој и овојпат не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат. Стефановски во генералниот пласман во Европскиот шампионат на ридски патеки е на првата позиција, по седум трки.
По завршувањето на трката на патеката Сент Урсан во Швајцарија, до крајот на шампионатот, остануваат да се возат уште две трки.