Други спортови
„Летечкиот Македонец“ објави дека е позитивен на коронавирус

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе објави дека е позитивен на коронавирус.
-За жал, позитивен! Сега малку одмор и да се надеваме дека сè ќе биде во ред, напиша Стефановски на Фејсбук. Иџе најмалку 15 дена ќе мора да биде во изолација, а не смее да биде активен на спортските терени се додека не добие два пати по ред негативен тест на коронавирус.
loading...
