Други спортови
„Летечкиот Македонец“ втор на трката во Франција
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџер го освои второто место на денешната трка во Франција на Европскиот шмпионат на Ридски трки. Ова секако е добар почеток на сезоната за „Летечкиот Македонец“, како што популарно го нарекуваат Стефановски. Да се надеваме на уште повеќе пехари оваа сезона.
Иџе запиша време од 5:45,790, пред него беше само Николас Грание од Франција на „Сеат Леон Куп Рејсер“ со резултат 5:45,073.
На третата позиција се најде Миљуоло Антонино од Италија, а четвртопласиран е Хрватот Матија Јуришиќ.
Потсетување дека македонскиот возач двапати го има освоено Европскиот шампионат на ридски патеки во 2014 и 2015 година.