Connect with us

Ракомет

Летонците запишаа втор пораз, Холандија славеше со дупла разлика

Ракометарите на Летонија попладнево го запишаа и вториот пораз на екипата на овогодинешното ЕП во ракомет. Тие беа надиграни од селекцијата на Холандија кои пак славеа со 24:32.

Со овој пораз Летонија многу веројатно без победа ќе го заврши овој собир, затоа што во последното коло ја чека дуел со фаворизираната Германија, додека Холандија првата групна фаза ќе ја затвори со Шпанија.