Фудбал
Левандовски доживеа уште еден болен удар: Мбапе е најдобриот играч на светот
Крајот на годината обично значи доделување на престижни индивидуални награди.
Во Дубаи се одржа церемонија за избор на најдобрите поединци во светот на фудбалот, каде се случи големо изненадување.
Имено, Килијан Мбапе е избран за најдобар играч на светот, кој немаше толку успешна година и со ПСЖ и со Франција.
„Големо задоволство е да се биде овде. Опкружен со такви легенди и фудбалски великани. Им благодарам на сите што веруваа во мене и на семејството што ми помогна да напредувам. Сакам да пишувам историја и да работам на неа“, изјави Мбапе по добивањето на награда.
? Congratulations to Kylian Mbappé on winning the 2021 Globe Soccer award for BEST MEN'S PLAYER OF THE YEAR ?@KMbappe @TikTokMENA @dubaisc #Mbappe #TikTok #globesoccer pic.twitter.com/ZZdzJlXAOc
— Globe Soccer Awards (@Globe_Soccer) December 27, 2021
Впечаток е дека нов болен удар доживеа Роберт Левандовски, кој по губењето на Златната топка повторно мораше да се задоволи со утешна награда.
Напаѓачот на Баерн ја доби наградата за најдобар стрелец именувана по починатиот Диего Армандо Марадона.
„Оваа награда ми значи многу. Моите мотиви му помагаат на тимот, на тренерот и тоа ме прави горд. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи за постигнувањето голови. Треба да работам напорно секоја година“, изјави Полјакот.
Кристијано Роналдо доби специјална награда за најдобар стрелец во историјата, Роберто Манчини е прогласен за најдобар тренер, а европскиот шампион, репрезентацијата на Италија, најдобар тим на годината.