Фудбал
Левандовски го постигна својот прв хет-трик за Барса (ВИДЕО)
Барселона ја совлада Викторија Плзен со 5-1 на отворањето на групата Ц во Лигата на шампионите, додека Роберт Левандовски го постигна својот прв хет-трик за Каталонците. Останатите два гола ги постигнаа Франк Кеси и Феран Торес. Јан Сикора погоди за Чесите.
Очекувано, натпреварот започна со домашен притисок. Веќе во 3. минута Барселона имаше шанси за пенал, но по прегледот со ВАР, судијата Лоренс Висер пресуди дека нема.
Каталонците сепак успеаја да поведат непосредно пред да помине четвртина час.Во 13. минута, по нафрлување од корнер, Франк Кеси, го постигна својот прв гол за Каталонците.
Во 24. минута пенал побараа и гостите од Чешка, кој првично беше досуден, но откако Визнер самиот ја разгледа ситуацијата, реши дека всушност има прекршок при напад врз Андреас Кристенсен.
Во 34. минута одличната интеракција помеѓу Серхи Роберто и Роберт Левандовски му овозможи на Полјакот да влезе во добра позиција од која не погреши за 2:0.
На крајот од првото полувреме, Викторија Плзен го намали резултатот отако Вацлав Јемелка нафрли во шеснаесетникот, каде Јан Сикора упати удар во десниот агол во голот на Марк-Андре тер Штеген.
Сепак, Барселона не го кажа последниот збор во ова полувреме. Во продолжението, Усман Дембеле му ја украде топката на чешкиот играч и нафрли во шеснаесетникот, каде Левандовски со глава ги зголеми 3:1.
На почетокот на вториот дел во игра се појави Жерар Пике, кој ги запиша првите минути сезонава, откако беше неискористена замена на сите досегашни натпревари на „блауграните“ во Примера.
Полскиот напаѓач го комплетираше својот хет-трик во 67. минута со извонреден волеј удар и зголеми на 4-1.
Во 71. минута Дембеле ја даде втората асистенција на натпреварот, откако со центаршут го пронајде непокриениот Феран Торес, кој со силен удар ги постави конечните 5:1 на Камп Ноу.
Во другиот натпревар од групата Ц, Баерн Минхен го победи Интер со 2-0. Така Барса моментално е на врвот во групата поради подобрата гол-разлика.