Фудбал
Левандовски слушна што кажа Салихамиџиќ, па ги збуни сите со изјавата: „Прв пат го слушам тоа“
Роберт Левандовски има договор со Баерн до летото 2023 година, но се почесто се зборува дека би можел да ја напушти Алијанц Арената.
Левандовски веќе неколку сезони е најдобриот играч на Баерн и јасно е колку би загубил клубот од Минхен доколку полскиот напаѓач реши да го смени клубот.
33-годишниот фудбалер блеска и оваа сезона бидејќи на 33-те одиграни натпревари досега успеа да постигне дури 39 гола, што е доволен показател дека игра во навистина неверојатна форма.
Веќе извесно време се шпекулира дека Левандовски ќе го напушти клубот, но спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ изјави дека клубот е решен да го задржи Полјакот и да потпише нов договор.
„Решени сме да го задржиме Роберт во Баерн“, изјави Салихамиџиќ, но не очекуваше Леандовски да одговори.
Имено, откако новинарката Билда му кажа што кажал Хасан, искусниот напаѓач се изненадил од ова, па рекол дека првпат слушал вакви наводи од некој од клубот.
„Првпат слушам“, изјави Левандовски кој на сите јасно им стави до знаење дека не ни започнал преговори за нов договор со Баерн.