Фудбал
Левандовски вчера ја испиша историјата на Бундеслигата и сега има нов мотив за останување во Баерн
Баерн вчера го совлада Унион Берлин со 4:0 во 27. коло од Бундеслигата.
Првите два гола на Баварците ги постигнаа Коман и Нијанзу, а потоа два пати беше прецизен одличниот Роберт Левандовски.
Тоа беа 30-от и 31-от гол на Полјаците во тековната сезона од Бундеслигата, а во триесетите тој достигна уште еден рекорд на легендарниот Герд Мулер.
Имено, тој по петти пат успеа да постигне 30 или повеќе голови во една сезона од елитната класа на германскиот фудбал, а тоа му успеа само на легендарниот Германец.
Освен нив двајца, по еднаш успеаја Обамејанг, Дитер Мулер, Хејнкес, Емерих и Силер.

Инаку, на Левандовски му истекува договорот за летото 2023 година и прашање е дали од следната сезона ќе настапува за Баерн.
Раководството на клубот од Минхен се уште не му нуди нов договор, но Левандовски сега дефинитивно има повеќе мотив да остане член на германскиот шампион – собори уште еден рекорд на Мулер.
Да потсетиме, минатата сезона Полјакот со 41 гол го собори рекордот на Милер по број на голови во една сезона, а доколку продолжи вака, Левандовски би можел да го собори тој рекорд, овој пат сам на себе, и оваа сезона.