Поврзи се со нас

Фудбал

Левандовски влезе во најдобрите 25 стрелци во историјата на репрезентативниот фудбал

Вроцлав, 15 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Полска, Роберт Левандовски постигна два гола синоќа против Босна и Херцеговина (3:0) на мечот од Лигата на нации. Тој ги постигна 62. и 63. погодок за националниот тим. Според овој индикатор, Левандовски се искачи на 24. место во историјата на фудбалот, израмнувајќи се со Али Мабхут од репрезентацијата на ОАЕ (Левандовски има 113 натпревари, Мабхут – 83).

-текстот продолжува по рекламата-

Бразилскиот капитен Нејмар постигна еден гол повеќе, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска има два пред Полјакот.

Најдобар стрелец во историјата останува Али Даеи од Иран (109), а најдобар меѓу активните играчи е Португалецот Кристијано Роналдо (101).

-текстот продолжува по рекламите-

Напаѓачот на Белгија, Ромелу Лукаку, постигна два гола против Исланд (2:1) и стигна до 55 погодоци за националниот тим. Тој го дели 40. место во светот со Бразилецот Ромарио, Јапонецот Казјоши Миура, Чехот Јан Колер и Сингапурецот Фонди Ахмад. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама