Фудбал
Левандовски во очај, Баерн не размислува да ја промени одлуката
Баерн не сака да попушти, а Роберт Левандовски веќе почнува да фрустрира.
Левандовски има договор со Баерн и германскиот клуб не сака да го пушти, а полскиот напаѓач има и тоа како на што се жали.
Имено, според англиските медиуми, неговиот менаџер, Пини Захави, се согласи со 28 милиони евра по сезона со Манчестер Јунајтед, но тоа сега е залудно.
Левандовски така би заработувал половина милион фунти неделно, но Баварците едноставно мислат дека би требало да остане и во следната сезона, иако тој самиот ја изрази својата желба за промена на средина.
Јунајтед дури имал намера да освен пари на Баерн да му го даде и Ентони Марсијал, но германскиот клуб одговорил не и тука целата приказна завршува.