Connect with us

Фудбал

Лидерот на Арсенал одбива да го обнови договорот, причина Барселона

Арсенал нема убав момент, бидејќи покрај негативните резултати, клупското опкружување меѓу играчите и лидерите не е толку позитивно.

Покрај случајот Џака, неодамна се случи уште едно изненагување за „Топчиите“. Имено Пјер-Емерик Аубамејанг се чини дека одби да го обнови договорот со „Топџиите“, а причината за ова наводно била Барселона.

Ова го открива „Спорт“, кој пишува дека Барселона работи во тајност за да стигне до Аубамејанг.

Аубамејанг има договор до 2021 година со Арсенал, и веројатно ќе ја прифатат понудата на Барселона во текот на летото, доколку не го убедат да го обнови договорот, што пак ќе претставува сериозен удар за англискиот клуб.