Connect with us

Фудбал

Лидс се приклучува во битката за Јошко Гвардиол

Лидс е уште еден клуб кој се вклучи во редот за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол. 20-годишниот хрватски интернационалец импресионира со своите настапи за германскиот клуб и тоа не поминува незабележано, бидејќи сè повеќе тимови од цела Европа посегнуваат по него. Сега на нив треба да го додадеме и Јоркшир, пренесува „Football Insider“.

Гвардиола е солиден стартер во тимот на РБ Лајпциг и сезонава досега има 40 натпревари на кои постигна 2 гола. За него Лидс се интересираше уште од 2019 година, кога се уште настапуваше за Динамо (Загреб), но тогаш не беше постигнат договор, а тој ја избра понудата на РБ Лајпциг.