Connect with us

Фудбал

Лига на Нации: Реми на Македонија со Грузија

Скопје, 14 октомври 2020 (МИА) – Репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1:1 (0:0) со селекцијата на Грузија на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, во рамки на четвртото коло од Лигатата на нации.

Во првите 45 минути немаше поголеми возбудувања на терено а и двете репрезентации ниту еднаш не ја погодија рамката од противничкиот гол.

Вториот дел започна поактивно, но Македонија остана со играч помалку во 67. минута откако по една гостинска контра, Столе Димитриевски истрча да ја расчисти опасноста, играше со рака и заработи црвен картон. Меѓу стативите застана Шишковски, а Несторовски излезе од игра, со што беше ослабнат нападот.

Водството за гостите стигна по нецели десет минути, откако Кварацхелија со силен удар ја затресе мрежата на „жолто-црвените“.

Сепак нашите фудбалери не се предаваа, а во судиското надополнување Македонија доби пенал откако Зајков беше фаулиран во шеснаесетникот. Одговорноста ја презеде крилото на Лидс, Алиоски кој успешно реализираше за конечни 1:1.

Македонија по овој меч остана на првото место на табелата во групата 2 заедно со Грузија на две кола до крајот.

На 12 ноември двете репрезентации повторно ќе се сретнат во најважниот натпревар за македонскиот фудбал, откако ќе играат финале за пласман на Европското првенство 2021 година.