Фудбал
Лига на Нации: Сенси ја спаси Италија од пораз против Босна и Херцеговина (ВИДЕО)
Нови мечеви вечерва од Лигата на Нации. Немаше некои поголеми изненадувања, освен ремито на Босна и Херцеговина на гостувањето кај Италија во Фиренца. Босанците дури водеа со 1:0 го со голот на Един Џеко во 57-та минута, а претходно имаа и статива, додека Италија израмни преку Сенси во 67-ма со малку среќа.
Од оваа група Холандија ја совлада Полска со 1:0.
Резултати Лига на Нации
Лига А
Италија – БиХ – 1:1
Холандија – Полска 1:0
Лига Б
Норвешка – Австрија 1:2
Романија – Северна Ирска 1:1
Словачка – Чешка 1:3
Шкотска – Израел 1:1
Лига Ц
Литванија– Казахстан 0:2
Белорусија – Албанија 0:2