Фудбал
Лил продава една од своите ѕвезди за 50 милиони евра
Француски Лил е подготвен на лето да се раздели со канадскиот напаѓач Џонатан Давид за 50 милиони евра, објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.
За играчот веќе има сериозни интереси од голем број врвни европски клубови. Џоната Дејвид е дел од Лил од август 2020 година, со договор до 30 јуни 2025 година.
Оваа сезона, 22-годишниот играч одигра 43 натпревари за Лил во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола, што го прави стрелец број еден за клубот оваа сезона. За канадската репрезентација има и 18 натпревари, 9 гола и четири асистенции.