Фудбал
Линделоф: Кога потпишав со Јунајтед, не ни погледнав што пишуваше во договорот
Шведскиот стопер Виктор Линделоф призна дека не го прочитал договорот кога го потпишал во септември 2019 година.
Линделоф го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед оваа есен и сега тврди дека сака да остане на „Олд Трафорд“ долго време, а интересно е што тој претходно не го прочитл тоа што го потпиша.
Неговиот договор со Манчестер Јунајтед сега важи до летото 2024 година, а 25-годишниот дефанзивец е среќен што својата иднина ја посвети на англискиот гигант.
„Кога ми понудија нов договор, за мене беше многу, многу лесно. Никогаш не го погледнав договорот. Само зедов пенкало и го потпишав”, рече Линделоф, додавајќи:
„Знам дека клубот може да ми помогне и сакам да останам овде колку што можам. Се надевам дека можеме да освоиме трофеи заедно. Тоа е мојата главна цел.“
Швеѓанецот премина во Манчестер Јунајтед од Бенфика во 2017 година за околу 40 милиони фунти, што би требало да биде последната сума на трансфер во зависност од бонусите и различните клаузули во договорот со двата клуба.