Connect with us

Ракомет

Лино Червар: „Мислев нема финале, но момците ми рекоа – ова е за тебе“

Немам зборови да им се заблагодарам на играчите, тоа беше херојски натпревар, ретко кој се гледа. Уште посилно од тоа кога бевме светски шампиони со Шпанија во Португалија, изјави Лино Червар.

Хрватска ја совлада Норвешка со 29-28 по две продолженија во полуфиналето на Европското првенство во Стокхолм со гол на Жељко Мусе на неколку секунди пред крајот.