Фудбал
Лион постави клупски рекорд
Екипата на Олимпик Лион постави нов клупкси рекорд по број на дадени голови во Француското фудбалско првенство.
Првиот гол на Лион во натпреварот од 35. коло на Лига 1против Нант (2:0) беше 78 за клубот во тековната сезона. Ова е нов рекорд на тимот во ефикасност.
Досегашниот беше постигнат мината сезона (77 голови).
По 35.коло во Лига 1, Лион е на втората позиција на табелата со 72 бода.