Connect with us

Фудбал

Лионел Меси поради повреда го напушти теренот, а Американците покажаа дека повеќе не ги интересира мечот, ги испразнија трибините (ВИДЕО)

На натпреварот Интер Мајами – Торонто го видовме Лионел Меси како повреден го напушта теренот, а потоа публиката масовно го напушти стадионот! Се играше 36. минута кога неверојатниот Аргентинец мораше да го напушти теренот бидејќи очигледно не беше подготвен за игра. Тој веќе мораше да пропушти неколку натпревари за да се подготви за овој дуел, но тоа не му беше доволно, па 36-годишниот Аргентинец го напушти теренот. И тогаш Американците решија дека повеќе не ги интересира овој натпревар!