Connect with us

Фудбал

Лионел Меси закажа прес конференција во просториите на Барселона

Точно напладне, утре, во просториите на Барселона, Лионел Меси закажа прес конференција. Ова го објави каталонскиот тим на социјалните мрежи. Веројатно на овој начин Аргентинецот ќе се прости од клубот каде помина 21 година и каде дојде уште кога беше дете. Веројатно на оваа прес конференција ќе ги објасни сите детали, но и причините поради кои нема да го продолжи договорот со Барселона.