Фудбал
Липи ја скенира Серија А: Не се само Јувентус и Интер во борба за титулата
Марчело Липи, тренерот на светскиот шампион Италија во 2006 година, ја коментира борбата за титулата во Серија А. За “Радио TMW”, истакна тој:
„Сега е премногу рано, треба да чекаме до мај. На Конте му оди добро, но мислам дека никој не се сомневаше во тоа. Мислам дека Јувентус и Интер не се единствените тимови кои играат за титулата. Лацио? Да, мислам дека може да му конкурира на крај. Тоа е тим кој игра убав и конкретен, модерен фудбал, има одлични играчи особено во средниот ред. Навистина ми се допаѓа“.