Други спортови
Лицето на боксерот било целосно деформирано по 255 удари во главата (ВИДЕО)
Американскиот боксер Ериксон Лубин (26) долго ќе го памети мечот против Себастијан Фундора, кој се одигра претходниот викенд во Лас Вегас.
Во навистина одличен меч во кој дадоја се од себе и двајцата боксери, победата му припадна на Фундори, откако тој реши да го прекине мечот откако по деветтата рунда фрли пешкир поради бројните повреди на лицето на американскиот боксер.
26-годишникот доби навистина голем број удари во главата. Од нив биле изброени дури 255, а лицето на несреќниот Лубин било целосно деформирано.
Fundora beat up Lubin wow! Both warriors tho!! Fought their hearts out 🔥🔥🔥🔥🔥#FundoraLubin pic.twitter.com/vGhBYes6Yj
— FATHEROFTHEYEAR (@FOTYBOXING) April 10, 2022
Крвареше од носот и устата, лицето му беше отечено од сите страни и ја донесе најдобрата можна одлука да ја прекине борбата и да го прогласи Фундора за победник.
Лубин веднаш по натпреварот е префрлен во болница. Се испостави дека му се скршени носот и рамото, а победникот по натпреварот изјави:
“Мислам дека е добра одлука да се прекине натпреварот. Неговото лице е постојано отечено од првото коло. Неговиот изглед е целосно променет и имаше многу крв. Тој е тврд човек, беше во игра, но нема потреба да се повреди од вакви работи“, рече Фундора.
Ова е втор пораз за Лубин во 26 борби, додека Фундора се уште е непоразен. Одработи 20 борби, победи во 19, а една заврши без победник.