Фудбал
Ливерпул близу дo доведување на засилување од Баерн!
Ливерпул сè уште ја слави долгоочекуваната титула во Премиер лигата. Сепак, време е „Црвените“ да се свртат кон иднината.
Јирген Клоп најави дека летово нема да има преголеми трошоци, но Ливерпул сепак треба да размисли за „длабочината“ на тимот.
„Црвените“ наводно лоцирале една од главните цели во летниот преоден рок. Тоа е играчот од средниот ред на Баерн, Тијаго Алкантара.
Шпански Спорт пишува дека Ливерпул не само што го лоцирал посакуваниот играч, туку дека е многу близу до реализацијата на трансферот на Тијаго.
Во моментов се шпекулира дека Ливерпул би можел да издвои околу 35 милиони евра за 29-годишниот играч од средниот ред, што не изгледа како претерана цифра за искусен и докажан играч. Исто така, се наведува дека Јирген Клоп е долгогодишен обожавател на ликот и делото на Тијаго Алкантара – кој му го привлече вниманието додека тој сè уште работеше во Бундеслигата.
Патем, договорот на Тијаго со Баерн важи до следното лето.
Тијаго Алкантара пристигна во Баерн од Барселона пред седум години, а од тогаш досега има одиграно 230 натпревари, постигна 31 погодок и забележа 37 асистенции во дресот на баварските гиганти.
Сега се чини дека Тијаго би можел да се обиде и во Премиер Лигата.