Фудбал
Ливерпул, Челзи, Јунајтед, Интер и Јуве треба да побрзаат, од 15 јуни напаѓачот ќе чини многу повеќе
Германскиот фудбалер ТИмо Вернер игра одлично во дресот на Лајпциг. Оваа сеона е веднаш зат Левандовски на листата на стрелците, па оправдан е интересот на неколку најголеми европски клубови.
Сепак, доколку сакаат да го ангажираат за помалку пари, Ливерпул, Челзи, Манчестер Јунајтед, Интер и Јувентус ќе мора да побрзаат, бидејќи откупната клаузула од 55 милиони евра важи до 15 уни, а потоа се зголемува.
Засега не е познато колку таа ќе скокне, но се претпоставува дека под 75 милиони евра, Лајпциг нема да се согласи да го продаде својот најдобар играч.