Connect with us

Фудбал

Ливерпул доминантен на стартот од новото првенство

Ливерпул беше многу активен во летниот трансфер период и со големи амбиции влезе во новата сезона од Премиер лигата. Дека навивачите на „црвените“ со право можат да се надеваат на висок пласман, покажа и првиот меч од на избраниците на Јирген Клоп во сезоната 2018/19.

Ливерпул попладнево на „Енфилд“ го победи Вест Хем со 4:0. Два гола постигна Мане, еднаш погоди Салах, во листата на стрелците се запиша и Стариџ.

На отворањето на Премиер шампионат убедлив беше и Челзи (3:0 против Хадерсфилд).

Од фаворитите тешки победи (2:1) забележаа Манчестер Јунајтед и Тотенхем над (Лестер, односно Њукасл).

Дербито на колот се игра од 17 часот кога Арсенал го пречекува шампионот Манчестер Сити.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com