Connect with us

Фудбал

Ливерпул го „победи“ Јунајтед

Екипата на Ливерпул во последниот ден од 2020 година го договори потписот на еден од најталентираните фудбалери на Србија, Стефан Бајчетиќ, кој досега беше член на шпанска Селта.

Стефан има 16 години, син е на поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Срѓан Бајчетиќ. Во Ливерпул тој пристигна од Селта за 250.000 евра.

Покрај Ливерпул за Бајчетиќ сериозен интерес покажале и од Манчестер јунајтед, но тој го одбрал тимот од „Енфилд“.